Од вечерва започнува големата сцена на Струмица oпен фестивал

Сите случувања од најголемата културно-уметничка, едукативна и забавна манифестација во Струмица од денес се селат на големата сцена поставена на плоштадот. 

Првата вечер ќе ја започнат младите струмички таленти кои се спој на непрофесионални музичари и гордост на целиот град. После нив ќе настапи специфичниот реге и хип хоп изведувач од Македонија, Драган Величковски – Тајзи. Од интернационалната сцена ќе гостува Момчило Бајаговиќ Бајага со неговите Инструктори. За крај на првата музичка вечер гостите ќе се забавуваат со Кирил Џајковски, MC Wasp и TK Wonder.

Организаторите очекуваат публиката да ги почитува правилата кои се поставени. Казните за фрлање предмети се од 100 до 400 евра, а за физички напад од 600 до 800 евра.


Comments are closed.