Ќе се снима игран филм за убиените петте струмички студенти

За животот на петте струмички студенти кои беа убиени пред повеќе од шест децении, идната година ќе се сними долгометражен игран филм „Златна петорка’’во продукција на скопската филмска продукција „Револушн’’.

Филмот ќе биде инспириран со измислена фикција базирана врз вистиниот случај, ќе се снима на повеќе локации на територијата  на  Струмица  и надвор од градот,  а глумците ќе бидат од Македонија.

Како што вели Горан Тренчовски, носителот на овој проект, филмот ќе претставува  една љубовна човечка драма.

„Струмичките студенти стануваат икона на средината во 20 век затоа што тоа е, навистина, пример на една прекината младост, љубов, меѓусебна почит, но и она недоразбирање за тогашниот систем и монструозните тероризирања кој што ги зафатиле младите струмичани. Оваа филмска инспирација ќе ги плени кино салите не само во Македонија, туку и во Европа’’ – вели  Тренчовски.

Снимањето ќе започне 2015 година, а ќе биде финансирано од Агенцијата за филм.

Comments are closed.