Даскаловски: Власта испраќа инспекции придружувани од вооружени полицајци да затвораат кафулиња во Струмица

Марјан Даскаловски, претседателот на ОО СДСМ Струмица, денеска одржа прес – конференција.

Во продолжение интегрален текст:

„Во ек на летна сезона, кога Струмица веќе седми ден ужива во богатата понуда на веќе традиционалниот “Струмица опен фестивал”, власта, испраќа инспекции придружувани од вооружени полицајци да затвораат кафулиња и ноќни клубови во Струмица.

Власта сака да ги казни струмичани. Тоа е повеќе од јасно.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Општина Струмица е најразвиената и најуспешната  општина во источна Македонија без трошка помош од централната власт.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Општина Струмица е европски град за пример.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека граѓаните на Општина Струмица три пати по ред му ја даваат поддршката на Зоран Заев и на СДСМ.

Почитувани,

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се 8 години на власт.

Наспроти нивното пустошење, заканување и плачкосување на државата, Општина Струмица 9 години ги испорачува посакуваните резултати.

„Струмица опен фестивал“ е вистински културно-забавен избор за струмичани и за цела Македонија.

Собирањето на арач, астрономски казни и затворање на фирми по секоја цена мора да заврши.  Оваа репресија, ова измачување на сопствениот народ мора да престане’ ’ –   ијави Даскаловски.

Comments are closed.