Роза Мојсовска ја претстави својата нова книга

Роза Мојсовска синоќа пред струмичани ја престави својата нова книга „Ме кани светлината’’. 
Промоцијата во рамките на Струмица опен фестивал се одржа во Малиот градски парк. „Ме кани светлината’’ е петта книга на Мојсовска и се состои од 75 песни.

„Моите песни се инспирирани од верата и Исус Христос. Бог ме кани на светлината и ми дава сила. Секој човек го кани светлината, никогаш да не бидеме во темнина’’ – вели авторката.

Покрај промоцијата, ова беше прилика Роза да ги престави и своите уметнички дела вечерва. Посетителите можеа да ги погледнат и нејзините слики насликани на несекојдневен начин – со уста.

Comments are closed.