Продолжува крпењето на дупките по улиците во градот

Општина Струмица денеска ја продолжи акцијата за крпење на дупките по улиците во градот. Денеска се работеше на улицата „Ката Поцкова“, на која со асфалт беа пополнети сите дупки. Со оваа интервенција се подобрија условите за нормално одвивање на сообраќајот по оваа улица.

Во рамките на оваа акција досега се санирани дупките на булеварите „Климент Охридски“ и „Ленинова“ и на улиците „Братство Единство“, „11 септември“, „Епиминонда Поп Андонов“, „Ристоман Попчевски“ и „Панче Пешев“.

Comments are closed.