Отворена архитектонска изложба во струмичкиот музеј

Во рамките на Струмица опен фестивал, синоќа во НУ „Завод и музеј’’ се отвори архитектонска изложба „Студентска архитектонска визија’’. На изложбата се претставени дипломски проекти на генерацијата запишана 2006 година на Архитектонскиот факултет – Скопје.

„Сакаме да ги промовираме нашите проекти кои имаат свеж и зрел став кон архитекрурата, кои покажуваат една нова визија за иднината. Оваа иницијатива покажуваа дека има многу проекти кои остануваат неизведени, а имаат големи архитектонски квалитети. Затоа сакаме тие да не останаат невидени и да бидат инспирација за сегашните и идните генерации’’ – порача организаторот на овој настан, Софија Ристова Патрикова.

Изложбата ќе биде отворена за посетелите во наредните десет дена.

Comments are closed.