Започнаа Вечери на поезијата

Вечери на поезија е еден од вечерните настани што го одбележија четвртиот ден на Опен фестивалот. Во градскиот парк, поточно кај езерцето, поетската вечер синоќа започна со читање на млади поети од Струмица – Филип Димкоски, Мирна Трпкова и Мануела Златкова.

Вечери на поезијата продолжува и денес (11 август) на истото место, со почеток од 22:00, кога своите песни ќе ги престават Христо Петрески, Јовица Тасески Етернијан и Маја Тасевска.

Comments are closed.