СВР Струмица со две акциски контроли во изминатата недела

Куќа, деловна просторија и нива се ограбени во изминатата недела во Струмица. Крадците од овие места ограбиле ТВ апарат, лаптоп, пари и балирана слама при што е направена материјална штета од 450 илјади денари, известува СВР Струмица.

Од 4 – 11 август пријавени се и 12 случајеви на нарушување на јавен ред и мир, а полицијата спровела и две акциски контроли: систематска контрола на сите возила и возачи во сообраќајот и непрописно престигнување, страна на движење и контрола на брзината на возилата.

Во акциските контроли констатирани се 38 прекршоци.

Comments are closed.