Се поставуваат шанкови на плоштадот, од утре ќе се монтира и бината

Во изминативе четири дена задоволителна е посетеноста на настани за различни вкусови на Струмица опен фестивал, а посебно на концертите во Муртино и Просениково, велат од Организацискиот тим на фестивалот.

Подготовките за трите главни вечери се почнати. Екипите на ЈКПД „Комуналец’’ ги повлекоа жардинерите од плоштадот, во тек е поставување на главните шанковите, а од утре ќе започне и поставувањето на бината.

„Би ги замолиле граѓаните за поголема претпазливост бидејќи се мести опрема за фестивалот. Сакамо да упатиме благодарност до медиумите, спонзорите, институции кои ни излегуваат во пресрет, а посебно до многубројните волонтери без кои фестивалот не би бил таков каков е’’ – вели Томи Пецков, еден од организаторите на СОФ.

Струмица опен фестивал продолжува и вечерва со промоција на книгата „Ме кани светлината“ на Роза Мојсовска од 19 часот во малиот градски парк. Од 20 часот пред НУЦК „Антон Панов’’ ќе се одржи дваесетти фестивал на лица со телесен инвалидитет додека во 21 часот во Амфитеатарот ќе се одигра претставата „Лет од место’’. Во 22 часот во градскиот парк продолжуват Вечери на поезија со Марта Маркоска, Јовица Тасевски Етернијан и Христо Петрески.

Comments are closed.