Турново загуби на домашен терен од Пелистер

Фудбалерите на Турново во рамките до второто коло од 1. МФЛ загубија на домашен терен со резултат од 0:1 од Пелистер.
Единствениот погодок на натпреварот го постигна Љамчевски во 85 минута од натпреварот.

После две одиграни кола Турново е со втор пораз и се наоѓа на 9 тата позиција со 0 бодови. Во следното коло Турново на гостински терен силите ќе ги одмери со Шкендија која што е пласирана на 7 позиција со 3 бодови.

На лидерската позиција се наоѓа Вардар со 6 бодови, Металург второто место го дели со Силекс и Ренова кои што се на третата односно четвртата позиција со по 4 бодови, на дното од табелата е Работнички со два порази и 0 бодови.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.