Саве Исирова е победник на првата битка во танцување

Андерграунд сцената поставена на кошаркарското игралиште на СОУ „Јане Сандански“ веќе втора година привлекува внимание. На третото издание на Струмица ОПЕН фестивал на таа сцена се организираа настаните „Струмица игра на хаус звуци и хип хоп револуција“.

Новитет во програмата, кој синоќа го положи испитот беше првата битка во танцување организирана од млади ентузијасти кои го почитуваат танцот. Се играше All styles по принцип еден против еден, на елиминации. На уличниот подиум заиграа 15 млади таленти, а публиката беше во улога на судија и го бираше најдобриот во двобоите.

Многу овации предизвика и заедничката одлична кореографија на дел од учесниците од Струмица подготвена специјално за синоќешниот настан.

Пријавувањето за битката во танцување траеше сè до моментот на започнување. Саве Исирова го понесе епитетот најдобра танчерка, второнаграден беше Панче Димов, а Столе Витанов веднаш позади нив. Ним им беа доделени пригодни награди од организаторот.

Синоќа на вториот по ред хип хоп фестивал во Струмица гостуваа четирите хипхоперски групи од Македонија, Титаниум, Џака Накот, Авторизација и Raw’n'wicked.

Comments are closed.