Вечерва Струмица опен и во Муртино и Просениково

Од денеска започнуваат Вечерите на поезијата покрај езерцето во големиот парк, а на програмата е и концерт на класична музика кој посетувачите на Летната школа за гитара ќе го одржат во малиот градски парк.

За прв пат годинава, во рамките на фестивалот ќе се одржат поп рок концерти и во Муртино и Просениково. Целта е фестивалските содржини да им се доближат и на жителите од населените места во општина Струмица. На овие концерти ќе настапат групите Пицикато, Дикато и Нексус.

Comments are closed.