Учесниците на Летната школа по гитара приредија заеднички концерт

Тродневно дружење, креативни часови на класична гитара со м –р Васко Пиличев и м – р Дејан Лазаревски и посета на убавините на Струмица…

Така изгледаа деновите на младите гитаристи кои дојдоа од неколку градови од Македонија на првата Летна школа по гитара во рамките на Струмица опен фестивал. Како завршница, сите учесници вечерва приредија заеднички концерт по класична музика во малиот градски парк, а на секој од нив беше доделена и пофалница за успехот.

Comments are closed.