Ликовна колонија, филм и хаус музика за второта вечер на „Струмица опен’’

Втората вечер од „Струмица опен фестивал“ започна со Ликовната колонија во малиот градски парк. Дванаесет млади сликари од Струмица во живо ги покажаа своите уметнички вештини, а нивните слики, обработени во текот на фестивалот, ќе бидат продадени во добротворни цели.

Вечерта продолжи во Амфитеатарот каде започнаа Тивериополски филмски вечери во чест на авторите Марија Џиџева и Желимир Гвардиол. Филмската публика имаше можност да погледне едночасовен документарец „Барајќи ја среќата’’ во режија на Марија Џиџева. Вечерва на истото место во 21 часот (9 август) ќе се прикажаат филмовите на познатиот српски режисер и автор Желимир Гвардиол.

Вечерта се заврши со настанот приреден за љубителите на хаус музика во спортското игралиште во СОУ „Јане Сандански’’.

Comments are closed.