Натпревар во брејкденс вечерва на „Хип – хоп револуција’’

Хип –хоп вечерта во рамките на „Струмица опен фестивал’’ ќе се одржи вечерва од 21 часот по втор пат на спортското игралиште на СОУ „Јане Сандански’’.

На настанот насловен „Хип – хоп револуција’’ ќе настапат повеќе изведувачи од Македонија, ќе се цртаат графити, а како новитет е воведено и натпревар во брејкденс. За најдобрите брејкденсери и учесници во танцувачкиот натпревар обезбедени се и награди.

Третата вечер од „Струмица опен фестивал’’ ќе продолжи со Ликовната колонија во малиот градски парк од 20 часот, а во 21 часот во Амфитетатарот ќе се прикажаат филмовите на познатиот српски режисер и автор Желимир Гвардиол во склоп на Тивериополските филмски вечери.

Comments are closed.