Филмови на Гвардиол вечерва на Тивериополски филмски вечери

Тивериополски филмски вечери продолжуваат и вечерва во Амфитеатарот. Синоќа беше преставен филмот на Марија Џиџева „Барајќи ја среќата’’ додека вечерва од 21 часот ќе се прикажат филмовите на познатиот српски режисер и автор Желимир Гвардиол.

Публиката ќе има прилика да види дел од интересниот краткометражен и документарен опус на Гвардиол, составен од шест негови филмови наградувани и прикажувани на светски фестивали: КАКВИ СМЕ, ТАКВИ СМЕ (12 мин., 1988/90), ЗЛОСТОР И КАЗНА (13 мин., 1990), НЕЗНАМ НИ КАДЕ, НИ КОГА, НИ КАКО… (8 мин., 1994), ОТЕЦОТ, СИНОТ, СВЕТИОТ ДУХ (19 мин., 1998), ЦРНИ ГАВРАНИ (15 мин, 2001) и СОМНЕЖИ И ТАЈНИ (14 мин., 2011).

Според критичарот Срѓан Вучиниќ, авторот Желимир Гвардиол постојано се занимава со луѓето на работ, во гранични ситуации на егзистенцијатa.

Comments are closed.