Започна Летната школа по гитара

Во рамките на Струмица опен фестивал денеска со работа започна и бесплатната Летна школа по гитара.

Младите гитаристи имаат можност да се дружат, бидат дел од поинакви часови на класична гитара која ги одржуват м –р Васко Пиличев и м – р Дејан Лазаревски, но и да ги посетат убавините на Струмица.

Школата трае до 10 август кога учесниците на оваа школа ќе одржат класичен концерт во малиот градски парк.

Comments are closed.