Што ќе се случува на вториот ден од Струмица опен?

Вечерва продолжува вториот фестивалски ден на „Струмица опен фестивал 2014’’. Од 20 часот, во малиот градски парк ќе започне Ликовната колонија, а од 21:30 часот следат Тивериополски филмски вечери во чест на авторите Марија Џиџева и Желимир Гвардиол на кој првата вечер ќе се прикаже  документарниот филм „Барајќи ја среќата’’.

Од 22 часот, на спортското игралиште во СОУ „Јане Сандански’’ за сите љубители на хаус звуците ќе се одржи Струмица игра на „House‘’ звуци.

Comments are closed.