Тивериополски филмски вечери во петок и сабота во Струмица

На 8 и 9 август во Амфитеатарот во Струмица, како дел од програмата на Струмица опен фест ќе бидат одржани Тивериополски филмски вечери во чест на авторите Марија Џиџева и Желимир Гвардиол.
В петок во 21,30 часот ќе се прикаже документарниот филм БАРАЈЌИ ЈА СРЕЌАТА (65 мин, 2013) во режија на Марија Џиџева. Ова е исклучителен документарен филм кој со успех се прикажува низ светот. Осуммина неженети мажи полни со надеж започнуваат долго патување до Москва во потрага по среќа. Колку е силна нивната верба дека спасот лежи во женидбата? Ова е филм составен од 3 приказни (Вера, Надеж и Љубов) каде што судбините на главните карактери се преплетуваат со нивната потрага по среќа.
В сабота во 21 часот ќе се прикажат филмови на познатиот српски режисер и автор Желимир Гвардиол. Публиката ќе има прилика да види дел од интересниот краткометражен и документарен опус на Гвардиол, составен од шест негови филмови наградувани и прикажувани на светски фестивали: КАКВИ СМЕ, ТАКВИ СМЕ (12 мин., 1988/90), ЗЛОСТОР И КАЗНА (13 мин., 1990), НЕЗНАМ НИ КАДЕ, НИ КОГА, НИ КАКО… (8 мин., 1994), ОТЕЦОТ, СИНОТ, СВЕТИОТ ДУХ (19 мин., 1998), ЦРНИ ГАВРАНИ (15 мин, 2001) и СОМНЕЖИ И ТАЈНИ (14 мин., 2011). Според критичарот Срѓан Вучиниќ, авторот Желимир Гвардиол постојано се занимава со луѓето на работ, во гранични ситуации на егзистенцијата…

Comments are closed.