Средното училиште „Димитар Влахов“ во израелски проект за градинарски расад

Општинското средно училиште „Димитар Влахов“ ги заврши подготовките за почетокот на новата учебна година. Инвентарот е подновен, а завршено е и планираното варосување на училниците и канцелариите.

Во тек е и феријалната пракса на учениците од земјоделската струка која се одржува во рамките на училиштето и во земјоделските аптеки, а која се спроведува за време на летниот распуст. Но, целото внимание во „Димитар Влахов“ сега е насочено кон подготовките за поставување на оранжеријата за производство на градинарски расад, која е израелска донација. Спред директорот на училиштето, Димитар Ѓорѓев, во конкуренција на десет училишта од цела Македонија, СОУ „Димитар Влахов“ е прво меѓу  трите училишта што ја доби донацијата во висина од 20 илјади евра.

Овој проект има исклучително значење во стекнувањето на практичното знаење за учениците од земјоделските струки, но и проект кој ги потврдува постојаните залагање на учениците и наставниот кадар за модернизирање на наставниот процес.

Во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ настава следат 1.200 ученици.

Comments are closed.