Училиштето во Вељуса се подготвува за новата учебна година

Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Вељуса се подготвува за почетокот на новата учебна година. Таму деновиве се реализираат повеќе активности со кои ќе бидат подобрени условите за изведување на наставата.

Директорката на училиштето, Иванка Ѓеорѓиева, информираше дека од планираните работни активности досега е завршено варосувањето на три училници и две канцеларии, подготовките за истиот процес се завршени во уште една училница и во две канцеларии, а нов под е поставен во една канцеларија и една училница.

Во наредните денови ќе бидат заменети две врати, а ќе биде довршено и редењето на бекатон плочки пред влезот на училиштето. Според најавите, сите активности ќе завршат навреме и училиштето подготвено ќе ги дочека учениците на први септември.

Comments are closed.