Општинското основно училиште „Маршал Тито“ подготвено за новата учебна година

Општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица комплетно е подготвено за почетокот на новата учебна година. Таму, деновиве завршија планираните работни активности кои на учениците и наставниците ќе им обезбедат квалитетни услови за изведување на наставата.

Според информациите од Благица Устапетрова, директор на училиштето, извршена е санација на дел од  покривот на училиштето на кој интервенцијата беше неопходна, а исто така заврши и варосувањето на училниците, ходниците и работните простории на наставниот кадар на вкупна површина од илјада метри квадратни.

Покрај овие покрупни интервенции, извршени се и други активности кои ќе овозможат пријатен престој на учениците и наставниците и нормално одвивање на наставата.

Во општинското основно училиште „Маршал Тито“ во Струмица настава следат 834 ученици.

DSC_0067

Comments are closed.