Струмичките пожарникари со четири интервенции во изминатата недела

Територијалната противпожарна единица имала вкупно четири интервенции во минатата недела на територијата на општина Струмица.

Во текот на поројните дождови во 11 приземни простории на индивидуални семејни куќи пожарникари црпеле вода од поплавените улици.

Покрај тоа, одстранувале паданато дрво од коловоз, гасиле запален аспиратор на колективна станбена зграда и интервенирале на потенцијална експлозија од кујнски плински уред.

Comments are closed.