Бројни активности во ООУ,,Герас Цунев‘‘-Просениково

На помалку од еден месец пред почетокот на новата учебна година, во ООУ,,Герас Цунев‘‘ од Просениково, завршени се или се во тек неколку значајни активности.

Покрај редовните ангажмани карактеристични за овој период од годината кои опфаќаат молерисување на просториите и ситни поправки на инвентарот, извршена е и комплетна реконструкција на канцелариите и училишната кујна. Во тек е и изградба на фекална и атмосферска канализација во училиштето како и адаптација и реконструкција на две училници за потребите на учениците од прво одделение и набавка на нов инвентар за истите.

Според информацијата од директорот на училиштето Ванчо Манолев, наскоро ќе се работи и во училишната спортска сала, со што досегашниот ламинат ќе биде заменет со паркет. Според Манолев, ООУ,,Герас Цунев‘‘од Просениково подготвено ќе го дочека стартот на новата учебна година.

Comments are closed.