Турново со пораз ја започна новата сезона

Фудбалерите на Турново првото коло од новата сезона го одиграа на гостинските терен во Кратово, од каде што се вратија со пораз од 2:0.
Домаќините резултатот го отворија во 37 минута со што остана и конечен резултат во првите 45 минути. Во вториот дел од натпреварот фудбалерот на Турново, Харизанов заработи црвен картон со што Турновци остана со играч помалку.
Вториот погодок за Силекс го постигна Велинов во 72 минута од натпреварот.

Лидерот Силекс првото место го дели со Шкендија и Вардар кои што се на втората односно третата позиција со по 3 бодови, додека на дното од табелата се наоѓа Турново со 0 бодови.

Колото се комплетира денеска со натпреварот помеѓу Металург и Работнички.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.