Поројните дождови направија штета во Габрово

Неколку куќи и дворишта се оштетени по поројните дождови кои го зафатија и селото Габрово, а штета претпел и дел од асфалтирниот селски пат. Како што велат мештаните, штетата е предизвикана поради бесправна сеча на дрва во овој крај.

„Тоа што остана е катастрофа голема’’ – вели еден мештанин – „Јас сум 90 години, таква вода нема дојдено до сега. Од четири околни куќи сечат дрва и ги продаваат. Се расправав со нив, но не бива. Водата доаѓа од таму откаде се сечени дрвјата. Ги продаваат, а три куќи пропаднаа поради тоа’’.

Како што велат мештаните, во бесправна сеча во село Габрово исечени се буки и костенови дрва кои штителе од ерозирање на земјиштето.

Comments are closed.