Општина Струмица ги санира штетите од невремето

По невремето пропратено со обилни врнежи од дожд кои синоќа ја зафати Струмица и околните населени места, Општина Струмица преку своите служби и институции во нејзина надлежност, навремено и соодветно интервенираше за справување со последиците од надојдените атмосферски води.

Според информацијата од директорот на ЈПКД,,Комуналец,, Зоран Георѓиев, службите од комуналното претпријатие, во соработка со ТППЕ Струмица, синоќа и во текот на денешниов ден извршиле интервенции на неколку позиции во градот и општината. Синоќа е извршено-отпушување шахта на ул.,,Младинска,,(на потегот од ул.,,Борис Поп-Димитров,, до мостот на ул.,,Крушевска Република,,), отпушување шахта на раскрсницата од улиците ,,Браќа Минкови и Максим Горки, чистење на каналот на ул.,,Крушевска Република,,, околу мостот на транзитниот пат и извлекување вода од подрумски простории во таканареченото Егејско маало.
Во текот на денешниот ден, извршено е чистење на коловозите и сливните решетки на улиците ,,Ѓорѓи Василев,,Младинска,,Ката Поцкова,,Браќа Минкови,, ,,Димитар Цветинов,, и ,,Максим Горки,, чистење со цистерни на главните колектори, сливници и сливни решетки на улиците ,,Борис Поп-Димитров,, и ,,Ката Поцкова,,како и расчистување на наноси во селото Габрово.
Службите на ЈПКД,,Комуналец,, ќе продолжат со работните активности и во попладневните и вечерните часови, при што приоритетно ќе биде санацијата на улиците ,,Бел камен,,Славчо Стојменски,, и ,,Плачковица,, на кои поради оштетување на коловозите, сообраќајот во моментов е во прекин.
Се очекува до крајот на денот овие улици повторно да бидат пуштени за сообраќај.

Comments are closed.