Успешно извршено прскање против комарци во Струмица

Во рамките на реализација на Програмата за работа на општина Струмица за 2014 година, утрово во периодот од 05,00 часот до 06,30 часот беше спроведено авионско третирање против комарци на територијата на Струмица.

Според информациите од Одделението за заштита на животната средина при Општина Струмица, третирањето започна на северо – запад од гробиштата во правец на Софилар до селото Добрејци (индустриска зона – Север), продолжи во правец на бетонската база ,,Бетон‘‘до почетокот на индустриската зона во Дабиле, а од таму во правец на реката Тркања до раскрсницата на с.Куклиш, па се до Св.Петнаесет, Ловен Дом и градските гробишта.

Од ова одделение истакнуваат дека третирањето против комарци е успешно извршено.

Comments are closed.