Работни активности во СОУ ,,Никола Карев‘‘

Во рамките на подготовките за новата учебна година, во основните и средните училишта во општина Струмица, во тек се активностите за подобрување на  условите за одвивање на воспитно – образовниот процес и за задоволување на потребите на учениците и наставниците.

Во Средното општинско училиште ,,Никола Карев’’ покрај санационите активности кои се карактеристични за овој период од годината, во тек е поплочување на двата летниковца кои се наоѓаат во училишниот двор, а се дело на ученици и наставници од градежната и дрвно – преработувачката струка. Паралелно со тоа се врши и средување на просторот пред спортската сала на училиштето.

Според зборовите на директорот на СОУ,,Никола Карев’’ – Слободан Вета, по завршувањето на законската процедура за избор на изведувач наскоро треба да бидат променети прозорците на училниците од десниот крак на училиштето. Ваквата активност ќе биде реализирана од сопствени средства и од наменски средства за оддржување на училишните згради.

Comments are closed.