Струмичките гимназијалци на интеркултурна размена во Швајцарија

Осум ученици од СОУ „Јане Сандански’’ со професорката Невенка Стојанова во наредните две недели учествуваат на Проекти за интеркултурна размена во детското село во Троген, Швајцарија.

На интеркултурната средба учествуваат околу 1.500 тинејџери и деца од различни земји, а целта на заедничките проекти е развој на критичко размислување за сопствените вредности и модели на однесување, како и зајакнување на идентитетот.

Покрај Струмица, на размената од Македонија учествуваат и средношколци од Прилеп, Дебар, Куманово, Тетово, Штип и Кавадарци.

Comments are closed.