Од дворот од куќа во Струмица ограбена машка торба

Во минатата недела во Струмица ограбена е машка торба со мобилен телефон од дворот од една куќа при што е направена материјална штета од 27 илјади денари, известуваат од СВР Струмица. Во овој период се случиле и три сообраќајни незгоди поради неприлагодена брзина на услови на патот и неотстапување првенство на минување во кои се повредени мотоциклист и два возачи, а пријавени се и три случаеви на нарушуање на јавен ред и мир на подрачјето на општина Струмица.

Полицијата спровела и две акциски контроли на возачите на велосипеди и мопеди како и систематска контрола на автобуси. Во акциите се констатирани вкупно 47 прекршока.

Comments are closed.