Кривична пријава за двајца струмичани и полицаец за злоупотреба на безвизвниот режим

СВР Струмица до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе  кривична пријава против лицата Ј.М. (46), А.А. (33) двајцата од Струмица и И.М. (56) од Богданци, полициски службеник при ГП “Дојран“, поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела – “злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“, – “Злоупотреба на службената положба и овластување“ и “соизвршителство“.

Прво и второпријавениот во текот на минатата година со цел да се стекнат со противправна имотна корист врбувале, поттикнувале, организирале и превезувале лица, државјани на Р.Македонија, во државите од Европската унија и Шенгенскиот договор, со цел лицата да се стекнат со економски и социјални права што е спротивно на правото на Европската унија, на прописите на Европската унија, Шенгенскиот договор и на меѓународното право.

Пријавените организирањето и транспортот го вршеле на лица од повеќе населени места од општините Струмица, Виница и Радовиш  и други места, при што на истите ми ветувале дека ке добијат статус на азиланти во соодветната држава на ЕУ за што им наплатувале одредена сума пари најчесто од 200-300 евра од член на семејство. Превезувањето го вршеле организирано, лицата кои што се транспортирале од местото на тргнување се до преминувањето на границата на граничните премини биле префрлувани во повеќе возила и притоа најчесто биле ангажирани други лица нивни помагатели со нивните возила да ги пренесат лицата преку границата а исто така во одредени случаи транспортирањето на лицата преку границата го вршеле и тие лично со своите возила.

Од страна на пријавените најчесто се користени ПМВ „Форд Транзит“ и ПМВ „Форд Галакси“ двете со струмички регистарски таблички со кои лицата ги  транспортирале до Германија. Третопријавениот И.М. како полициски службеник за пасошка контрола на ГП„Дојран“ во содејство со Ј.М. и А.А. а со цел да се стекне со противправна имотна корист ја злоупотребил својата  службена должност и кога бил на смена како полицаец за пасошка контрола на ГП„Дојран“ на излез од Р.Македонија без да побара доволно докази од лицата кои се транспортираат како баратели на азил, ги пропуштил да ја преминат државната граница и притоа освен првопријавените како возачи на ПМВ не ги евидентирал сите лица кои биле во возилата, а исто така во одредени случаеви не ги евидентирал ниту пријавените кога ја преминувале границата на излез од Р.Македонија.

Пријавените се лишено од слобода, задржани и спроведени пред Судијата во претходна постапка при Основен суд 1 – Скопје и на тројцата пријавени им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Comments are closed.