Наградените филмови од „Астефест 2014” ќе се прикажат на Скопско лето

Традиционално, по десетти пат, в петок, 25 јули, со почеток во 21 час., на платото пред Универзалната сала, како дел од програмата на овогодишното Скопско лето, ќе биде прикажана ревија на наградени филмови од последниот Интернационален филмски фестивал Астерфест.
Проекцијата опфаќа шест кратки филмови: БИРДИ на Ева Коханска (Полска), ДОБРО ВРЕМЕ ЗА УМИРАЊЕ на Сенад Абдули (Македонија), ИЗМЕТ ВРЗ БЕДАТА на Вијај Јода (Индија), ЛИТЕРАТУРНИ МИСТИФИКАЦИИ на Јорис Клерте (Франција), ПРВ ПОГЛЕД на Јулијана Неухубер (Австрија) и НЕЧУЕН на Зигмунд Скалар (Австрија).
Како плод на досегашната соработка помеѓу Дирекцијата за култура и уметност и Тивериополската филмска алијанса, од 2005 наваму успешно се реализирани слични ревии од струмичкиот Астерфест во: Куршумли ан, Музејот на современата уметност, Мала станица, Музејот на град Скопје и Кинотеката на Македонија.

Comments are closed.