Балдовалиев замина во ФК „Кијасо’’

Зоран Балдовалиев, искусниoт напагач, својата интернационална кариера ќе ја продолжи во Втората швајцарска лига .Синоќа струмичанецот потпиша едногодишен договор со фудбалскиот клуб „Кијасо’’.

Балдовалиев уште од денеска има право да настапи за тимот на „Кијасо’’ кој во новата сезона на шампионатот во Швајцарија започна нерешено со 1:1. Балдовалиев минатата сезона играше за грчката „Керкира’’ со која влезе во Првата лига.

извор: Телеграф.мк

Comments are closed.