Две години од големиот пожар над Струмица

Денес се навршуваат две години од големиот шумски пожар на ридот над Струмица во кој четири луѓе го загубија животот, а единаесет беа повредени. За одбележувањето на годишнината од големата трагедија,  пред споменикот посветен на  Пено Стојанов, Блажо Стројков, Мите Горгиев и Војо Гркљанов, говореше претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

„Да врнеше тој ден како што врне денес и деновиве, оваа што се случи сигурно немаше да се случи. Но, се случи тој 23 јули. Тој трагичен ден кога четворица наши сограѓани Пено Стојанов, Блажо Стојков, Војо Гркљанов и Мите Георгиев трагично ги загубија своите животи борејќи се со огнената стихија да го изгаснат огнот што се закануваше да ги зафати периферииите на градот Струмица“ – рече претседателот Јосиф Христов пред Споменикот на загинатите струмичани.

Пријатели и роднините на загинатите струмичани вечерва во 18 часот ќе се одржат чествување на местото на несреќата.

Comments are closed.