Струмичанец извршил полов напад врз малолетна девојка

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т Д. (20) од Струмица, за сторено кривично дело дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ и Ш.Ј. за кривично дело „помагање“.

Во с. Банско, Струмичко, пријавените откако пресретнале 13-годишно девојче, истите насилно ја внеле во патничко возило „опел вектра“ и ја однеле во куќа во Струмица каде Т.Д. извршил полови дејствија врз девојчето, а потоа со такси возило ја вратил и ја оставил во близина на нејзината куќа.

Од страна на судија во претходна постапка на Т.Д. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Comments are closed.