Струмичките пожарникари со 11 интервенции во минатата недела

Во последниве седум дена, Територијална противпожарна единица имала вкупно 11 интервенции во градот и населените места.

Струмичките пожарникари гаснеле запален отпаден материјал, стрниште и сува трева, трактор, опожарено ПМВ, опожарена електрична табла во две семејна куќа. Временски најдолгата интервенција била во атарот на село Добрашинци каде се час и четириесет минути пожарникарите локализирале пожар на депонија, а најмалку се задржале во Белградската улица каде за 11 минути угасиле запален оџак од угостителски објект.

Comments are closed.