Марјан Петров отвори фризерско студио во Струмица

Како што беше и најавено, познатиот струмички стилист Марјан Петров вечерва во Струмица официјално го отвори фризерското студио „Магија’’ на Старата чаршија.

Како што вели Петров, струмичанки во неговите раце и ќе доживеат вистинска естетска магија бидејќи покрај целосна услуга на коса, фризерското студио „Магија’’ нуди и услуга на професионално шминкање.

Марјан Петров има завршена Академија за стилисти „Пањковиќ“ во Белград, а може да се пофали и со соработка со многу манекенки и познати лица од српската естрада.

Comments are closed.