За десетина денови ќе продолжи крпењето на дупките по улиците во градот

Ќе продолжи крпењето на ударните дупки по улиците во градот. Деновиве заврши тендерот за крпење на дупките и согласно важечките законски прописи во тек е жалбената постапка. По нејзиното завршување, или за десетина денови, ќе продолжи акцијата која стартуваше на почетокот на летото и со која на најголем дел од улиците беше извршено санирање на дупките.

Во следната санација ќе бидат опфатени улиците: „Ванчо Китанов“, „Моша Пијаде“, „Ѓуро Салај“, „Браќа Миладинови“, „Братство и Единство“, „Младинска“, „Крушевска Република“, „Браќа Минкови“, „Максим Горки“, „Ката Поцкова“, „Ѓорги Василев“, „Јанко Цветинов“. Ќе се санираат и дупките на булеварот „Маршал Тито“, како и на „Ленинова“, на тротоарот пред Основниот суд.

Освен во градот, во план е да се крпат и ударните дупки на улиците во населените места: Куклиш, Банско, Просениково и Добрејци.

Comments are closed.