Се преправале дека читат електрично броило и ограбиле куќа во с. Свидовица

Две непознати лица извршиле тешка кражба на 17 јули околу 18,30 часот во селото Свидовица кога од куќата на К.Г.(45) одзеле 3.000 евра и 10.000 денари.

Тешката кражба лицата ја извршиле на тој начин што дошле до куќата и побарале од мајката на К.Г.  да им даде клуч од влезната врата на првиот кат од куќата, под изговор дека се од Скопје и треба да го прочитаат електричното броило во ходникот. Откако добиле клуч, влегле во куќата, го отвориле прозорот и веднаш го вратиле клучот. Потоа преку отворениот прозор, влегле во куќата, извршиле пребарување, ги одзеле парите и го напуштиле лице местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Comments are closed.