Поставени лежечки полицајци кај ООУ „Сандо Масев’’

Како еден од приоритети на општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, овие денови се реализираше мерката за поставување на лежечки полицајци кај ООУ „Сандо Масев’’ за поголема безбедност на децата кои го посетуваат оваа училипте, но и за граѓаните кои живеат во овој дел од градот и останатите учесници во сообраќајот.

Двата лежечки полицајци се поставени на улицата „Ванчо Китанов“, Оваа е една од пофрекфентните улици, особено во летниот период.

Comments are closed.