Опен фест за прв пат ќе има и Летна школа по гитара

Васко Пиличев е единствениот дипломиран гитарист во Струмица, сега и магистер во својата област. Благодарение на него, после 55 години конечно е отворен Отсек за гитара во основното музичко училиште „Боро Џони”.

Од 8 – 10 август,  Пиличев заедно со  колегата м-р Дејан Лазаревски од Штип ќе се појави во улога на учител по гитара каде ќе го покаже своето знаење на новиот едукативен настан кој од оваа година ќе биде дел од „Струмица опен фестивал 2014’’.

Comments are closed.