Кривична пријава за струмичанец за фалсификување и уништување деловни книги

СВР Струмица поднесе кривична пријава против И.Џ.(20) од Струмица, за сторени кривични дела „затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

Пријавениот, во текот на мај 2014 година, вработен како оператор во ДТУ „Плеј Ин“ ДОО-Кочани подружница с.Моноспитово, не извршил уплата на парични средства од уплатени тикети за спортски натпревари и сторнирал осум платени тикети за натпревари фалсификувајќи ги фискалните сметки од истите, со што го оштетил правното лице за износ од 91.477 денари.

Comments are closed.