Одбележена 70 – годишнината од смртта на Благој Јанков Мучето

Општина Струмица денеска со свеченост ги одбележа 70-те години од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето.

Свеченоста се одржаво градскиот парк каде за животот и делото на Благој Јанков Мучето зборуваше претседателот на Советот на општина Струмица Јосиф христов, а Рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето’’ читаше револуционерна поезија. Свежо цвеќе по повод 70 – годишнината беше поставена во градскиот парк и пред бистата на Благој Јанков Мучето во малиот градски парк.

Comments are closed.