Се гради нов фудбалски терен во Струмица

Градежните активности на помошното фудбалско игралиште до стадионот „Младост’’ се интензивираат. Изградба чини 430 илјади евра од кои 330 илјади евра финансира општина Струмица додека УЕФА како донација ќе обезбеди 100 илјади евра за поставување на вештачка трева.

Местото каде ќе се најде модерно фудбалско игралиште во Струмица го посети и градоначалникот Зоран Заев.

„Тендерот за сето што прествува изградба на терен е завршен, останува да распишеме тендер за изведба на трибинскиот простор, рефлекторите и соблекувалните. Би сакал да додадам дека во изградба е спортскиот ценатр на Горан Пандев, пред одобрение сме на градбата на значајни проекти на фирмата „Грозд’’ за тениски игралишта, а другиот е во развој – градскиот базен. На есен ќе продложимме со реализација на мини голфот така да целиот овој проект треба да прерасне во нов спортскиот центар за сегашните и идните генерации на струмичани’’ – рече Заев.

Изградба на новото фудбалско игралиште се спороведува во соработка на општина Струмица со Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА во програмата „Хет трик’’

Comments are closed.