Турново и Шкендија ги завршија настапите во Лигата на Европа, Металург во второто коло

Турновци откако загубија во Скопје со резултат од 0:1, на гостувањето во Грузија во реванш натпреварот повторно загубија со убедлив резултат за домаќините од 3:1 односно вкупни 4:1 за Чикура.

Домаќините поведоа уште во 7. минута, при крајот на првиот дел од натпреварот Пандовски со неговиот погодок го израмни резултатот на 1:1. Во второто полувреме Габедава и Реквиашвили погодија за сигурна победа на Чикура.

Истата приказна ја доживеаa и фудбалерите на Шкендија, кој загубија од Зимбру и ги завршија настапите во Лигата на Европа.

Тетовчани во Скопје победија со 2:1, но не успеаја да ја зачуваат предноста, откако беа поразени со резултат од 2:0.

Металург останува единствената македонска екипа што се пласираше во второ коло од клалификациите од Лига Европа.

Металург во Скопје славеше со 2:0, откако Бојан Ѓорѓиевски во 19. минута и Марко Симоновски во 34. минута погодија за Металург. Со вкупни 5:0 Металург се пласира во следната рунда, каде силите ќе ги одмери со Железничар од Сараево.

Александар Ванев

Comments are closed.