Денеска е Петровден

Според календарот на Македонската православна црква, денеска се слават светите апостоли Петар и Павле, познат кај народот како  Петровден.

Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денеска црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле.

Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

Comments are closed.