Одржани првите „Роднокрајни поетски средби“ во Струмица

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во соработка со Иван Котев, автор и собирач на народни умотворби, ги одржа првите „Роднокрајни поетски средби“ во црквата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.

Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите. Доближување на нивното творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо.

На првите „Роднокрајни поетски средби“ учествуваа десетина поети.

Фото: Кире Иванов

 

Comments are closed.