Кривична пријава за управител од Струмица

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава Л.Г.(50) од Струмица и Друштво за одгледување на лозаро-овоштарски насади, производство, трговија и услуги „Брисмол“-Струмица за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.

Во 2013 година, пријавениот како управител на Друштвото „Бирсмол“ со намера да прибави субвенција од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој надлежна за одобрување и исплата на субвенции, дал невистинити податоци за имотната состојба дека пријавените лозови насади биле на „Брисмол“-Струмица и истите биле регистрирани во Националниот регистер,  иако биле во сопственост на ДПТТ „Дојран“-Нов Дојран.

На овој начин, пријавениот се стекнал со материјална имотна корист од 285.216 денари, на штета на Агенцијата и на сопственикот на лозовите насади ДПТТ „Дојран“-Нов Дојран.

Comments are closed.