Градоначалникот Заев упати телеграм со сочуство на загинатите во хеликоптерска несреќа

Градоначалникот Зоран Заев и граѓаните на општина Струмица упатија телеграма со сочувство до семејствата на загинатите во вчерашната хеликоптерска несреќа во Струмица.

“Дозволете да упатиме искрено сочувство и длабоко жалење за несреќата што се случи на вашето семејство. Вие загубивте член на семејството, а Република Македонија загуби голем професионалец. Ја споделуваме со вас големата болка. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите во трагичната хеликоптерска несреќа“ – стои во телеграмот.

Comments are closed.